INNOFEIT EDIH · Solveo · Co-funded by the European Union

THE FUNDING ROOM:

PITCH
EDITION

Добра идеја. Подобар pitch.

EUROPEAN DIGITAL INNOVATION HUB – INNOFEIT EDIH и SOLVEO го организираат THE FUNDING ROOM: PITCH EDITION — практичен настан создаден за стартапи, претприемачи и бизниси кои сакаат подобро да ја претстават својата идеја пред инвеститори, партнери и потенцијални извори на финансирање.

Добрата идеја е само почеток. Важно е да можеш јасно да објасниш кој проблем го решаваш, за кого, што е твоето решение и зошто твојот бизнис има потенцијал.

На 5 ноември 2026, избраните учесници ќе имаат можност да го претстават својот pitch пред искусни бизнис-ментори, да одговорат на директни прашања и да добијат конкретен и конструктивен фидбек.

Целта не е да имаш совршен pitch.
Целта е да откриеш што функционира, што не е доволно јасно и што треба да подобриш пред следниот важен разговор.

Кажи ја идејата. Добиј фидбек. Подобри ја. Потоа оди пред инвеститор.

Датум

05.11.2026

Време

14:00–16:00

Локација

INNOFEIT EDIH, Скопје

Подготвен/а си да го подобриш твојот pitch?

ЗАПОЧНИ СО ПРИЈАВАТА →